Лука Модриќ и во следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, објави шпанскиот тим.
Со потписот на едногодишниот договор, Модриќ кариерата ќе ја заврши во дресот на Реал Мадрид, што му беше голема желба и поради што ја одби богатата понуда од Саудиска Арабија.
Хрватот кој во септември ќе наполни 38 години, на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна во 2012 година од Тотенхем и со Кралевите ги освои сите трофеи што можат да се освојат, а тој се наметна како еден од најдобрите играчи на Реал во историјата.
Модриќ со Реал Мадрид освои три титули во Ла Лига, два шпански Кралски купа и пет титули во Лигата на шампионите.