Модриќ и Рудигер се степале во соблекувалната по поразот од Барселона?

Реал Мадрид го загуби финалето на Купот на Кралот од Барселона по продолженија, а според наводите на „Дон Балон“, по натпреварот дошло до жесток инцидент во соблекувалната на Кралскиот тим. Еден од главните актери бил и капитенот Лука Модриќ.

Ова е вторпат во последните неколку месеци Реал да загуби финале од Барселона, а во самата завршница на натпреварот се случи и скандал.

Кога Антонио Рудигер сфатил дека Кралевите ќе загубат, збесна на клупата и почна да фрла предмети кон теренот, при што го гаѓаше и судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа.

Во понеделникот, „Дон Балон“ објави неверојатна приказна за физички судир меѓу Модриќ и Рудигер во соблекувалната, при што, наводно, нивните соиграчи морале да интервенираат и да ги раздвојат.

Хрватот го критикувал Рудигер за неговото однесување и му рекол дека е срамно тоа што го направил бидејќи го посрамотил грбот на Реал, особено затоа што поразот не бил единствено по вина на судијата.

Иако Рудигер првично бил бесен и го критикувал Модриќ за неколку нешта, на крајот се смирил и јавно се извинил пред сите соиграчи и стручниот штаб на Карло Анчелоти.

Германецот потоа се извини и преку објава на социјалните мрежи, особено за своите постапки насочени кон судијата, кој беше главна цел на неговиот бес.

Лука Модриќ е познат како многу мирен фудбалер и речиси никогаш не покажува темперамент, па затоа оваа приказна за конфликт со соиграч е големо изненадување.

Соблекувалната на Реал отсекогаш имала строга хиерархија и вакви судири се реткост, што ја прави оваа вест уште посензационална.

Инаку, германскиот дефанзивец се соочува со суспензија од 4 до 12 натпревари, па многу е веројатно дека за него сезоната е завршена.

- Оглас -

Најнови вести