Лука Модриќ минатото лето се пресели од Реал Мадрид во Милан, па сега во интервју за италијанските медиуми ѝ даде поддршка на репрезентацијата на Италија на патот кон пласманот на Светското првенство.
Италијанците не учествуваа на последните два Мундијали, а и сега ќе треба да го минат баражот за да се најдат таму.
„Ќе биде трагедија за Италија да го пропушти и третото Светско првенство по ред. Се надевам дека Италија ќе се пласира, бидејќи таму ќе бидат најдобрите репрезентации во светот, а Италија секако дека е една од нив и мора да се пласира. Баражите секогаш се тешки, но ѝ посакувам многу среќа на Италија. Ве чекам на Мундијалот.“ – порача Модриќ.

