Модриќ ја одби првата понуда за продолжување на договорот

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува во 2020 година, па „кралевите“ размислуваат и потоа да го задржат најдобриот фудбалер на светот за 2018 година, но нивната прва понуда била одбиена од Хрватот.

Модриќ деновиве прими награди за најдобар балкански и најдобар хрватски спортист, а има одлична понуда од Интер, вредна 10 милиони по сезона, а Италијанците му нудат двегодишен договор. Друга комбинација за којашто размислува Модриќ е преселба во Кина, каде што по неколку сезони би ја завршил кариерата.

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, рече дека не е невозможно да го ангажираат Модриќ, а иако тој не дојде кај нив летоска, тие продолжуваат да се обидуваат да го привлечат. Доколку понудата на Реал не го задоволи Модриќ, тогаш мадрискиот клуб веројатно ќе мора да го продаде Лука во летото 2019 за да не си дозволи да остане без него во 2020 без да добие отштета.

Иако првиот одговор од Модриќ е негативен, во Реал се мирни и веруваат дека сепак ќе постигнат договор, но ќе мора да ја подобрат понудата и да ја доближат до таа од Интер.

- Оглас -

Најнови вести