Модриќ ја стави репрезентацијата во втор план: Ќе игра против Манчестер Сити!

Лука Модриќ се уште не е доволно опоравен од повредата на мускулот, но сепак, доби шанса од клупата на финалниот натпревар од Купот на Шпанија. Според најавите од Шпанија, тој денес ќе биде во стартниот состав на Реал Мадрид на дуелот против Манчестер Сити.

Реал вечерва ќе биде без Милитао и Менди, но Карло Анчелоти е задоволен, бидејќи ќе го има на располагање Лука Модриќ во средниот ред. Тоа го потврди и самиот тренер на новинарско прашање.

Ова значи дека Модриќ ризикува обновување на повредата и може воопшто да не настапи на завршниот турнир од Лигата на нации на УЕФА, каде Хрватска за првпат обезбеди пласман и ќе се обиде да дојде до трофејот во конкуренција на домаќинот Холандија, Шпанија и Италија.

- Оглас -

Најнови вести