Хрватска е на прагот на испаѓање од Европското првенство во Германија, на Хрватите ќе им треба чудо за да се најдат во осминафиналето.
На Хрватска сега и треба победа на Данска над Србија, Англија да ја победи Словенија со барем три гола разлика, Португалија да ја совлада Грузија, а Турција да ја победи Чешка.
Хрватите можеа да имаат 6 бода, но групата ја завршија само со два. И против Албанија и против Италија, примаа голови во последнит секунди и наместо по три, освојуваа само по еден бод.
Еден од најтажните беше Лука Модриќ на кој ова може да му биде последен меч за националниот тим на големите натпреварувања. Лука како да имаше лошо претчувство, беше снимен како го гризе дресот од страв неколку секунди пред Матија Ѕакањи да ги смрзне Хрватите со гол кој ја однесе Италија во осминафинале, а Коцкестите речиси ги елиминираше.
This is cinema🍿🫢🍿🫢#CROITA #EURO2024 #EURO #Croatia #Italy #Azzurri #CroatiaItalia
— Euro 2024 Out Of Context (@Euro24Ooc) June 24, 2024