Модриќ ќе го примени „рецептот“ на Бензема и „преку ноќ“ ќе си замине од Реал Мадрид

Лука Модриќ е единствениот освојувач на „Златната топка“ кој уште игра во Европа, но и тоа може за брзо време да се промени. На хрватскиот репрезентативец му истече договорот со Реал Мадрид, но сите очекуваат таа соработка да биде продолжена за уште една сезона.

Сепак, последните најави се дека Модриќ може да се предомисли и сепак да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Секако, ако тоа се случи, ќе биде поради понуда од Саудиска Арабија.

Новинарот Гилјермо Раи кој е близок до Реал Мадрид и добро ги знае случувањата во Кралскиот клуб, најавува дека пред Модриќ е атрактивна понуда од Саудиска Арабија за која сериозно се размислува.

„Иднината на Лука Модриќ во Реал Мадрид е неизвесна. Понудата за продолжување е на маса, но постојаниот интерес од Саудиска Арабија може да го промени неговото мислење“, вели Раи.

Модриќ во Реал заработуваше речиси 20 милиони евра по сезона, а сега во понудата на Кралевите стои многу помала сума. За разлика од Реал, во Саудиска Арабија на Модриќ му е понудено тригодишен договор според кој ќе заработи 120 милиони евра и тоа е сума која тешко се одбива.

Дека тешко се одбиваат понудите од Саудиска Арабија доказ е Карим Бензема. Французинот кој 14 години беше дел од Реал Мадрид, се очекуваше да ја продолжи соработката со Кралевите, но „преку ноќ“ реши да ја прифати понудата вредна 600 милиони евра за три сезони во Ал-Итихад.

- Оглас -

Најнови вести