15.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Модриќ: „Леао е фантастичен, треба да биде клучниот играч на Милан“

Милан со пресврт славеше над Фиорентина со 2-1 и се искачи на врвот од табелата во Серија А, а клучниот фудбалер за победата беше Рафаел Леао, кој ги постигна двата гола.

Португалецот одигра одличен натпревар, а по мечот не изостанаа и пофалбите од Лука Модриќ.

„Рафа Леао навистина e неверојатен. Со нетрпение чекав да играм со него, за жал, рано се повреди, но сега се враќа во вистинската форма. Ова е Рафа каков што ни треба. Се работи за фантастичен талент – и додека го гледав од надвор, но и сега кога тренирам со него, гледам дека е еден од најдобрите фудбалери на светот. Сè уште може да напредува, сè зависи од него. Се надевам дека овие два гола ќе му помогнат да ја зајакне самодовербата и да биде главен играч во Милан. Ќе ни биде многу важен и многу ќе зависиме од неговите игри“, вели Лука Модриќ за соиграчот од Милан.

- Оглас -

Најнови вести