Договорот на хрватскиот ветеран Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува на 30-ти јуни, и има неколку опции за иднината на најдобриот светски фудбалер за 2018 година.
Според хрватските медиуми, пред Модриќ се пет можни варијанти.
Една е да остане во Реал уште една сезона, нешто што не е премногу реална варијанта во моментов со оглед на тоа дека Лука не е задоволен од улогата која ја има кога тимот е комплетен.
Втора опција е тој да замине во некој клуб од Саудиска Арабија. Модриќ имаше богата понуда и летово, но одбра да остане Крал и да игра на топ ниво во Европа уште една сезона.
Трета можност е да се пресели во Интер Мајами во американската МЛС лига. Наводно Лионел Меси барал од Дејвид Бекам да го донесе Лука во Мајами.
Како четврта опција е Модриќ да потпише за Динамо Загреб, каде во моментов играат Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Модриќ пред да почне интернационална кариера го носеше дресот на Динамо, а и навивачите на Модрите имаат акција по социјалните мрежи со која потврдуваат дека сакаат повторно да го видат Лука во дресот на најтрофејниот хрватски клуб.
Последна опција, но не и неостварлива, е Модриќ налето да одлучи да стави крај на кариерата и да се прости како што сакаше, како играч на најголемиот клуб на светот Реал Мадрид, и последниот меч да му биде за репрезентацијата, на ЕП во Германија.