21.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Модриќ му донесе победа на Милан и испиша историја на Серија А (Видео)

Милан со 1-0 го доби дуелот против Болоња, а голот беше дело на Лука Модриќ кој со 40 години и пет дена стана најстариот играч за врска кој бил стрелец во историјата на  италијанската Серија А.

За хрватскиот ветеран ова е прв гол во дресот на Милан, а од претходно има и една асистенција.

Во финишот, беше досуден пенал за Милан, па одлуката беше променета по интервенција од ВАР, а тренерот Макс Алегри збесна и доби црвен картон за реакцијата кон судиите.

Деби за Милан имаа Французите Адриен Рабио и Кристофер Нкунку, но Модриќ е ѕвезда на вечерта. Росонерите имаат 6 бодови после три кола.

- Оглас -

Најнови вести