Марсело дефинитивно ја заврши својата легендарна кариера и заминува во пензија како еден од најголемите леви бекови во историјата на фудбалот.
Само два дена откако ја објави својата одлука, 36-годишниот Бразилец пристигна во Мадрид, каде што беше испратен со огромни почести од навивачите на Реал Мадрид.
На преполниот „Сантијаго Бернабеу“, пред почетокот на мадридското дерби, Марсело за последен пат истрча на тревникот и доби специјален подарок од Лука Модриќ, кој со голем респект му се поклони на својот поранешен соиграч.
Marcelo honoured by Real Madrid.
— TC (@totalcristiano) February 8, 2025
Thank you. 🤍 pic.twitter.com/44agzfT0Tb
Марсело остави неизбришлива трага во историјата на Реал Мадрид, одигрувајќи 721 натпревар, постигнувајќи 58 гола и асистирајќи 117 пати. За време на 16-годишниот престој во кралскиот клуб, освои пет титули во Лигата на шампионите, шест трофеи во Ла Лига, два Купа на Кралот, пет трофеи во Суперкупот на Шпанија и три титули на Светското клупско првенство.
![](https://sportmanija.mk/wp-content/uploads/2025/02/marselo-zbogum.jpg)
Кариерата ја започна во Флуминенсе, клубот каде што ги направи првите фудбалски чекори, а во завршната фаза накратко настапуваше и за Олимпијакос.
Марсело останува запаметен како вистинска фудбалска икона и симбол на Реал Мадрид.