Модриќ на чекор до потпис со Милан

Хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ ја прифати понудата на Милан и од следната сезона ќе биде дел од Росонерите, јавува „Ла Република“.

Модриќ постигнал договор со раководството на клубот од „Сан Сиро“ за едногодишен договор, при што остануваат уште неколку ситни детали пред трансферот да стане официјален.

Ветеранот од средниот ред неодамна објави дека по Светското клупско првенство ќе го напушти Реал Мадрид, клубот со кого освои сè што можеше и каде што беше организиран емотивен проштален настан на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Новоназначениот тренер на Милан, Масимилијано Алегри, го постави Модриќ како еден од приоритетите во летниот преоден рок и изгледа дека клубот брзо ќе го исполни тој план.

Иако Модриќ има 39 години, од него се очекува да биде клучно засилување, особено што Милан најверојатно ќе остане без Тијани Рејндерс, кој е пред трансфер во Манчестер сити.

Модриќ доби понуди и од Саудиска Арабија и од САД, но одлучи да остане во Европа за да ја задржи најдобрата можна форма пред Светското првенство следната година, кое ќе се одржи во САД.

- Оглас -

Најнови вести