32.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Модриќ на заминување го предупредил Перес: „Двајца фудбалери мора да си заминат“

Поразот од ПСЖ во полуфиналето на Светското клупско првенство беше последен меч за Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид. Хрватот си заминува од Мадрид како вистинска легенда на „кралевите“, но на одење имал совет за Флорентино Перес.

Модриќ како главни виновници за лошите резултати, но и за нарушените односи во соблекувалната за Реал Мадрид ги посочил Винисиус и Родриго и го советувал Флорентино Перес или да ги продаде или тие да започнат да се однесуваат тимски и да работат за екипата, а не само за себе.

Хрватот уште во текот на оваа сезона имаше отворен конфликт со Винисиус, па дури се шпекулираше дека воопшто не разговараат.

- Оглас -

Најнови вести