Модриќ најразочаран од поразот, блескавата кариера ќе ја заврши без трофеј со репрезентацијата

Поразот од Шпанија во финалето на Лигата на нации, веројатно најтешко му падна на ветеранот Лука Модриќ, кој сакаше од дресот на националниот тим, да се прости со освоен трофеј.

Спуштена глава и голема тага беше првата реакција на Модриќ после поразот во пенал серијата.

Среброто е голем успех, Модриќ освои сребро и на Мундијалот во Русија, лани на СП во Катар се закити со бронза, сето тоа се подвизи, но овој човек кој на 38 години за неколку дена играше два меча од по 120 минути, веројатно заслужи и барем едно злато како круна на богатата кариера и потврда дека е најдобриот во историјата на хрватскиот фудбал.

Модриќ можеби ќе игра и на ЕП 2024, но се чини дека последната шанса да освои трофеј со Хрватска му побегна вечерва и фудбалот беше суров кон легендата.

- Оглас -

Најнови вести