Лука Модриќ беше еден од јунаците на синоќешната вечер во квалификациите за Светското првенство. Ветеранот ја предводеше Хрватска до убедлив триумф над Чешка од 5-1, а ѕвездата на Реал Мадрид придонесе со гол и асистенција.
Погодокот беше од пенал, но асистенцијата до Андреј Крамариќ при петтиот гол на Хрватите беше чиста фудбалска поезија и потег кој може да изведе само мајстор на оваа игра. Асистенцијата на Модриќ може да ја погледнете ТУКА.
Со 39 години и 9 месеци тој е највозрасниот стрелец во историјата на европските квалификации за Светско првенство. Претходниот рекорд му припаѓаше на Един Џеко, напаѓачот на Босна и Херцеговина кој постигна гол против Сан Марино на возраст од 39 години и 2 месеца.