Се чинеше дека трансферот на Лука Модриќ во Милан е завршена работа. Хрватот требаше да ги направи и лекарските прегледи додека беше во Загреб со репрезентацијата, но тој одбил, а за тоа го известил раководството на Милан.
Модриќ, како што рекол, тоа го направил од почит кон Реал Мадрид бидејќи сè уште е фудбалер на Кралевите и ќе настапи на Светското клупско првенство, иако останува неизвесно колку ќе добие минутажа бидејќи од следната сезона ќе биде во друг клуб.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, трансферот не пропаднал, но прегледите и потписот ќе се случат по клупскиот Мундијал во САД, иако во светот на фудбалот работите брзо се менуваат, па Хрватот може да се премисли и да ја напушти Европа. Токму затоа беше и инсистирањето на челниците на Милан веднаш да биде завршена целата работа.