Модриќ не планира да се откаже од Коцкестите: Уште сум тука и сум мотивиран како и претходно

Португалија и Хрватска вечерва во Лисабон ќе играат во меч од првото коло на Лигата на нациите во елитниот прв сегмент. Гостинските играчи и на овој дуел ќе бидат предводени од Лука Модриќ.

Легендарниот капитен на Хрватска за четири дена ќе полни 39 години, но не размислува да се откаже од националниот дрес.

„Не е важно колку се мислев околу тоа дали да останам во репрезентацијата. Најважно е дека сум тука и дека сум мотивиран како претходно. Најголема гордост ми е да играм за Хрватска. Мислам дека уште можам да помогнам и затоа сум тука. Уште е далеку Светското првенство во 2026 година. Не сакам ништо однапред да планирам. Сега главна цел е што е можно подобро да ги одработиме мечевите во Лигата на нациите. Треба да се слуша своето тело и од меч на меч да се донесува вистинската одлука“, рече Модриќ, кој има неверојатни 178 настапи за националниот тим на Коцкестите.

 

- Оглас -

Најнови вести