32.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Модриќ нема да игра за Милан на подготвителните натпревари

Екипата на Милан го објави списокот на фудбалери за претсезонската турнеја во Азија и Австралија, а во тимот на тренерот Масимилијано Алегри ќе ги нема Лука Модриќ и Сантијаго Хименес.

Милан на пријателските мечеви ќе игра со Арсенал (во Сингапур на 23-ти јули), Ливерпул (на 26-ти во Хонг Конг) и Перт глори (31-ви јули во Перт).

Шанса да заиграат ќе добијат сите други ѕвезди на Милан како Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ, и приновите Самуеле Ричи и Пјетро Терачано.

Ветеранот Модриќ кој дојде од Реал Мадрид, доби дополнителен одмор по настапите на Светското клупско првенство. Слично е и со Хименес кој играше за репрезетацијата на Мексико на Голд купот.

- Оглас -

Најнови вести