Модриќ одби милиони само за да остане во Реал Мадрид

Шпанските медиуми тврдат дека Лука Модриќ и Реал Мадрид веќе се имаат договорено и Хрватот останува на “Сантијаго Бернабе“ уште една сезона. Продолжувањето на договорот официјално ќе биде потпишано и објавено следната недела.

Шпанските медиуми се воодушевени од љубовта на Модриќ кон Реал Мадрид и одбијавењето да биде меѓу најплатените фудбалери во светот, бидејќи ја одби понудата од 40 милиони евра годишно од Саудиска Арабија.

– “Модриќ имаше понуда од Саудиска Арабија. Ако ја прифатеше ќе заработуваше по 40 милиони евра по сезона, но тоа не го користеше за да му прави притисок на Реал, бидејќи го почитува клубот и прави се со негова согласност.“

Шпанците тврдат дека Модриќ и Перес многу брзо се договориле за новиот договор, пред се поради големата желба на Модриќ да остане во Реал Мадрид.

– “Модриќ и Реал постигнаа конечен договор. Хрватот ќе потпише во следните неколку денови. Состаноците помеѓу Модриќ и Реал околу продолжувањето на договорот завршија многу брзо. Тој секогаш инсистираше да не се зборува за парите, бидејќи сон му е да остане во Реал се додека клубот го сака и неговото тело може да игра фудбал.“ – се вели во шпанскиот весник Релевао.

- Оглас -

Најнови вести