Модриќ останува во Реал и ќе го сруши рекордот кој е од 1960 година!?

Лука Модриќ ќе потпиша нов едногодишен договор со Реал Мадрид, тврди реномираната Марка. Актуелниот договор на Модриќ со Кралскиот клуб истекува на 30 јуни, а во најскоро време ќе ја продолжи соработката за уште една сезона, но со значително намалување на платата.

Капитенот на хрватската репрезентација пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2012 година и едноставно сака кариерата да ја заврши во Реал, па затоа и ќе се согласи на нов договор со многу помала плата.

Доколку остане во Реал, Модриќ следната сезона ќе има можност да го сруши рекордот на Ференц Пушкаш. Фантастичниот напаѓач играше за Реал Мадрид на 8 мај 1966 година, со 39 години и 36 денови. Модриќ ќе наполни 39 години на 9 септември, што значи ако остане во Реал и одигра меч за Кралевите во ноември или некој месец подоцна, ќе го надмине речиси шестдеценискиот рекорд на Пушкаш како најстар фудбалер што заиграл за шпанскиот гигант.

Модриќ ќе биде активен и летово, затоа што со капитенската лента на раката ќе ја предводи Хрватска на Европското првенство во Германија. Пред континенталниот собир, Модриќ со Реал ќе игра во финалето на Лигата на шампиони на 1 јуни против Борусија Дортмунд на „Вембли“ во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести