Хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ, по завршување на професионалната кариера сака да остане во фудбалот и да биде тренер.
Хрватот би требало кариерата да ја заврши со Реал Мадрид, најверојатно идното лето и очекува претседателот Флорентино Перез наскоро да му понуди да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од сезоната поради што ги одби богатите понуди од Саудиска Арабија (Ал Наср) и САД (Интер Мајами).
Во следната сезона, Модриќ би му бил ментор на Џад Белингам кој треба да биде летна трансфер бомба на Перез, а во исто време ќе се подготвува за новиот почеток.
Имено, Хрватот по завршување на кариерата планира да се запише на тренерска академија и да сака да ги следи стапките на Зинедин Зидан, односно еден ден да биде тренер на Реал Мадрид.
Зидан веднаш по завршување на играчката кариера, стана тренер на младинскиот тим на Реал Мадрид, а потоа го презеде и првиот тим и успеа да освои три титули во Лигата на шампионите.