Модриќ постави рекорд за кој сонува Роналдо, Горан Пандев е трет на таа вечна листа

Лука Модриќ даде гол, но тоа не беше доволно за Хрватска да ја победи Италија, па на крајот мечот на кој Коцкестите бркаа триумф, заврши 1:1. Капитенот на Хрватите, со солзи во очите го заврши мечот откако Италија даде гол во 90+8 минута за реми.

Погодокот на Модриќ со кој Хрватска водеше е рекорден. Легендарниот Хрват стана најстар стрелец во историјата на европските првенства со 38 години и 289 денови. Претходен рекордер беше Ивица Властиќ кој на ЕП 2008 година погоди за Австрија со 38 години и 257 денови.

Интересно е дека Топ 3 најстари стрелци во историјата на ЕП го затвора легендарниот капитен на Македонија, Горан Пандев. На континенталниот турнир пред три години, пандев на мечот против Австрија погоди со 37 години и 321 денови. Тоа воедно беше и историски прв погодок за Македонија на едно големо натпреварување.

Овој рекорд на Модриќ може кратко да трае доколку Кристијано Роналдо или евентуално Пепе дадат гол за Португалија. Роналдо кој има голем број рекорди на ЕП, едноставно сонува да биде и најстариот стрелец во историјата. Следната шанса за Кристијано ќе биде дуелот против Грузија.

ЛИСТАТА НА ТОП 10 НАЈСТАРИ СТРЕЛЦИ НА МЕЧ ОД ЕП ИЗГЛЕДА ВАКА:

- Оглас -

Најнови вести