Модриќ преговара со Ал-Наср!

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува налето, а нов сè уште не е потпишан. Двете страни како да се колебаат, но тоа не е пречка за Модриќ да преговара со други клубови. Познато е дека за него постои голем интерес од клубови од Арапскиот Полуостров, но сега познато е името на еден од тие клубови.

Станува збор за амбициозниот клуб од Саудиска Арабија, Ал-Наср, каде што во моментов за рекордна сума настапува Кристијано Роналдо. Преговорите помеѓу Саудијците и Модриќ не се започнати, но тие ќе се случат во следниве денови, односно пред неговото враќање во Мадрид од настапите за репрезентацијата.

Познато е пријателството помеѓу Кристијано Роналдо и Лука Модриќ, па нема да биде изненадување доколку Модриќ се одлучи за нов предизвик во кариерата.

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија веќе му дозволи на Ал-Наср и воопшто на другите клубови да носат ѕвезди од европскиот фудбал сè со цел нивното првенство да биде едно од најатрактивните во светот.

- Оглас -

Најнови вести