Селекцијата на Хрватска загуби од Шпанија во пенал-рулетот во финалето од третото издание на завршниот турнир во Лигата на нациите, а по мечот капитенот на Коцкестите изјави дека сега не е време да зборува за неговата иднина во репрезентативниот дрес.
Повеќе од 25.000 хрватски навивачи на „Де Кајп“ стадионот во десеттата минута му пееја на Модриќ да остане, кој и со 37 години беше еден од најдобрите играчи на натпреварот.
„Уф, штета. Се боревме до последната минута. Натпреварот беше доста неизвесен, тежок и, за жал, пеналите отидоа на другата страна и тоа е тоа. Реков дека имам одлука, но не мислам сега да зборувам за тоа“, изјави Модриќ.
https://twitter.com/i/status/1670584826859077632