Лука Модриќ во следната сезона ќе го носи дресот на Милан. Ова го потврдуваат голем број на италијански медиуми. Капитенот на хрватската репрезентација во Милано доаѓа како слободен играч, а договорено е да биде потпишан едногодишен договор, но можност за продолжување на доработката до јуни 2027 година.
Клучно за договор на овој трансфер е доаѓањето на спортскиот директор на Милан, Игли Таре во Риека, каде се подготвува хрватската репрезентација.
Договорено е во понеделник или вторник да бидат одработени лекарските прегледи, а потоа и да се официјализира договорот на еден од најдобрите фудбалери во светот во последните 10-тина години.
Модриќ за неколку месеци ќе наполни 40 години, но тој уште игра одлично и е важен фактор во играта на својот тим. Во последната сезона во дресот на Реал Мадрид одигра вкупно 35 меча во кои постигна два гола, имаше шест асиситенции во Примера дивисион, додека во Лига на шампиони играше на 14 меча во кои имаше три асиситенции. Во Купот на Шпанија во пет меча постигна два гола.
AC Milan director Igli Tare, back to Italy after mission in Croatia to offer Luka Modrić one year deal plus option until June 2027.
AC Milan waiting on his final green light. pic.twitter.com/atrrFh77kA
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 4, 2025