14.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Модриќ се најде на удар кај навивачите на Милан: „Катастрофа, не треба да игра на секој меч“

Милан по третпат во последните четири кола одигра нерешено во меч од Серија А откако синоќа беше 1:1 на теренот против Аталанта во Бергамо. Ова беше еден од најлошите настапи на Лука Модриќ откако капитенот на хрватската репрезентација летово направи трансфер во Милан.

Дури и статистичките податоци покажуваат дека Модриќ имал слаб настап. Ветеранот мечот го заврши со 46/50 прецизни додавања, 1/3 прецизни долги топки, 10 загубени топки и само три од осум добиени дуели.

Навивачите на Милан на социјалните мрежи жестоко го критикуваа искусниот играч од средниот ред за неговата очајна игра.

„Многу лоша игра на Модриќ, под неговото ниво“, „Неговата најслаба игра откако е во Милан“, „Најлошата игра на Модриќ оваа сезона“, „Катастрофална игра“, „Модриќ не може да игра секој натпревар 90 минути. Не може и не треба“, се некои од коментарите.

Милан моментално е на третото место на табелата во Серија А со 18 бода.

- Оглас -

Најнови вести