Капитенот на хрватската репрезентација и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ, потроши 1,4 милион евра за пентхаус од 220 квадати во центарот на Загреб.
Зградата е нова и е целосно изградена од природни материјали и се наоѓа во близина на Каптол центарот со поглед на катедралата во Загреб.
Пентхаусот се состои од три спални соби, но и кујна од дури 72 квадрати, а во цената се вклучени и две гаражи.
Според хрватските медиуми, овој потег покажува дека 38-годишниот Модриќ по завршување на кариерата се одлучил да се врати во татковината и да живее и во Загреб, а не да остане во Мадрид.