Модриќ се спаси од казна: Хрватското обвинителство го повлече обвинението за лажно сведочење

Државното обвинителство на Хрватска го повлече обвинението против Лука Модриќ во случајот со наводното лажно сведочење на судењето против Здравко Мамиќ. Откако вишиот суд во Загреб двапати го враќаше обвинението во обвинителството во Осиек, оттаму одлучија дека нема да го продолжат прогонот и се откажуваат од случајот.

Здравко Мамиќ и останатите раководни лица на Динамо Загреб добија затворски казни поради тоа што го оштетиле буџетот на клубот за 116 милиони куни, односно за малку повеќе од 15 милиони евра. Мамиќ сè уште е во бегство и живее во Босна и Херцеговина, додека тогаш беше покренато обвинение против Лука Модриќ и Дејан Ловрен за лажно сведочење.

Случајот и против Дејан Ловрен заврши на сличен начин како и Лука Модриќ откако вишиот суд во Загреб трипати го враќаше обвинението во судот во Осиек.

- Оглас -

Најнови вести