10.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Модриќ: Со почит кон Пиза, но Милан мора да ги добива овие натпревари

Лидерот на табелата во италијанската Серија А, Милан, синоќа на свој терен киксираше против Пиза, одигра само 2-2, а Росонерите можеа да останат и без тој еден бод, но постигнаа гол за реми во 93-та минута и ја спречија првата победа на новиот прволигаш.

Тренерот на Пиза, некогашниот напаѓач Алберто Џилардино, рече дека не знае дали да биде среќен за освоениот бод и добрата игра во второто полувреме, или тажен и лут што во самиот финиш испуштиле три бода.

Легендата Лука Модриќ кој летоска дојде во Милан, смета дека Росонерите мора да добиваат вакви мечеви на свој терен ако сакаат титула.

„Требаше да постигнеме уште некој гол во првото полувреме и да го решиме мечот. Игравме добро, а дадовме само еден гол. Во второто полувреме влеговме меко, и дојдоа пеналот за Пиза и уште еден примен гол, тоа е фудбалот. Дури и кога си подобар и заслужуваш победа, се случуваат вакви работи. Наша вина е што не победивме, испуштивме два бода. Со цела почит кон Пиза, но дома мора да добиваме вакви мечеви“, изјави Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести