Модриќ стана најстар стрелец во историјата на Хрватска, а Брозовиќ ги загрижи Хрватите

Лука Модриќ со голот кој го постигна вечерва на гостувањето кај Австрија стана највозрасниот фудбалер кој дал гол за репрезентацијата на Хрватска.

Плејмејкерот на Реал Мадрид има 37 години и 16 дена, со што го надмина досегашниот рекорд на Нико Ковач, кој во дресот на Коцкестите даде гол кога имаше 36 години и 327 дена.

Лука ја затресе мрежата на Австријците во шестата минута, но радоста траеше кратко. Најпрвин Баумгартнер изедначи на 1-1 во деветтата минута, а во 16-тата играта мораше да ја напушти Марцело Брозовиќ. Брозовиќ е еден од клучните играчи во тимот и ако повредата е посериозна, тоа би било хендикеп за Хрватска на Мундијалот кој почнува за неполни два месеца.

https://twitter.com/i/status/1574111669080530945

- Оглас -

Најнови вести