Модриќ стана највозрасниот играч кој настапил за Хрватска

Хрватска не успеа на стартот од квалификациите на домашен терен да го совлада Велс, но овој натпревар го одбележа и еден друг момент. Лука Модриќ стана највозрасниот играч кој настапил за репрезентацијата на Хрватска на квалификациски натпревар со 37 години, 6 месеци и 17 дена.

Претходниот рекорд беше во сопственост на легендарниот хрватски голман, Дражен Ладиќ, кој во 1999 година застана на голот на “коцкестите“ со 36 години, 9 месеци и 7 дена.

Лука модриќ за репрезентацијата на Хрватска има одиграно вкупно 163 натпревари, на кои постигна 23 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести