Лука Модриќ денес и официјално беше претставен во неговата нова екипа, Милан, а една од темите беше и за неговите планови за иднината. Она што го истакна Хрватот е дека сака да игра на Светското првенство следната година во САД, Канада и Мексико.
„Рано е да се каже, но цел ми е да играм на Светското првенство, но прво мора да се пласираме. Не гледам премногу далеку во иднината, се обидувам да го живеам моментот и да ги направам работите како што треба. Затоа и сакам да ја започнам оваа авантура, да се подготвам на најдобар можен начин за да бидам на нивото кое се очекува од мене. Ќе има време да разговараме за иднината.“ – рече Лука Модриќ.
Хрватска имаше одличен старт на квалификациите за пласман на Светското првенство, па славеше над Гибралтар на гости со 7-0 и над Чешка на домашен терен со 5-1.