21.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Модриќ уште не пристигна во Милано, а се соочува со непријатен проблем и тоа поради Рафаел Леао

По 13 години поминати во дресот на Реал Мадрид, Лука Модриќ си замине од шпанскиот гигант. Негова следна дестинација е италијанскиот калчолигаш Милан. Интерено е дека Модриќ во Милан најверојатно нема да го носи дресот со бројот 10, број по кој беше познат долги години наназад.

Причина за тоа е што „десетката“ во Милан е резервирана за Рафаел Леао. Португалецот потенцирал дека не планисра да се откаже од својот број, а веројатно дека Модриќ ќе мора да бара нова бројка.

Се очекува Модриќ во Милан да го одбере дресот со бројот 14. Тоа е бројот кој Хрватот го носеше додека играше во Динамо Загреб од 2004 до 2006 година, а потоа и додека играше за Тотенхем од 2006 до 2008 година.

Дресот со бројот 14 во Милан се „ослободи“ ова лето откако Тиџани Реијндерс направи трансфер во Манчестер сити за сума од 55 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести