Модриќ влезе во друштво на Ѕоф, Шилтон и Сантос

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, дефинитивно е еден од играчите кои го одбележаа Светското првенство во Катар. Искусниот фудбалер покажа дека и со полни 37 години може да се биде вистински предводник и „мотор“ на екипата која ја донесе до полуфиналето, а сега останува борбата за третото место во дуел против Мароко.

Незамисливо е тимот на Хрватска да започне без Модриќ во составот, па така Лука беше од првата минута на сите шест средби досега. Со овој факт, Модриќ влезе во едно одбрано друштво. Тој е само четврти играч што на еден Мундијал одиграл шест натпревари како стартер, а бил со 37+ години

Претходно тоа им успеало само уште на Нилтон Сантос од Бразил во далечната 1962 година, како и голманите Дино Ѕоф за Италија во 1982 и Питер Шилтон за Англија на СП 1990 година.

- Оглас -

Најнови вести