Модриќ влезе во одбрано светско друштво, само 14 се пред него на сите времиња

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, синоќа го одигра 170-тиот натпревар во дресот на Хрватска. За негова жал, Коцкестите загубија со 2:1 од Велс и си ги искомпцираа калкулациите за пласман на ЕП 2024.

Со одигрувањето на 170-тиот натпревар, Модриќ влезе во Топ 15 фудбалери на сите времиња, со најмногу настапи во националниот дрес. Оваа листа ја предводи Кристијано Роналдо со 202 настапи за Португалија, а потоа тука се Барер Ал-Мутави од Кувајт со 196 настапи и Сох Чин Ан од Малезија со 195 настапи. Во Топ 5 има место и за Ахмед Хасан од Египет и Ахмед Мубарак од Оман со 183 национални настапи.

Во Европски рамки, пред Модриќ се само тројца. Освен рекордерот Роналдо тука се и Серхио Рамос со 180 настапи за Шпанија и Џанлуиџи Буфон со 176 настапи во дресот на Нераѕурите.

Модриќ за Хрватска дебитираше во март 2006 година, и тоа со победа од 3:2 над Аргентина. Првиот погодок го даде во август 2006 година. Тогаш, во Ливорно, Аргентина со 2:0 го победи актуелниот европски и светски првак. Во дресот на Хрватска има по четири настапи на ЕП (2006, 2014, 2016 и 2022 година) и четири настапи на ЕП (2008, 2012, 2016 и 2020 година).

- Оглас -

Најнови вести