Модриќ во Реал се чувствува измамен, познат е клубот каде ќе ја заврши кариерата?

Се чини дека после 12 години летово завршува престојот на Лука Модриќ на „Сантијаго Бернабе“. Хрватот ги игра последните месеци од договорот, а нема никакви најави дека тој ќе биде продолжен. Иако тој најавуваше дека сака кариерата да ја заврши во Реал Мадрид, сепак, се чини дека таа желба нема да му се исполни.

Според шпанските медиуми, Модриќ се чувствува измамен, бидејќи од доаѓањето на Белингам добива се помала минутажа, а за тоа влијание има и брзата адаптација на англичанецот, но и одличните игри кои ги прикажува.

Ваквите случувања биле знак за Дејвид Бекам да се пушти во акција и веќе неколкупати да седне на маса со хрватот и да преговара за негов трансфер во Интер Мајами, што најверојатно и ќе се случи налето.

Сето тоа би значело дека Модриќ ќе игра заедно со Лионел Меси во вториот дел од сезоната во МЛС лигата, но ќе биде и големо засилување во борбата да се освои Лигата на шампионите на Северна Америка.

- Оглас -

Најнови вести