Модриќ заврши со Реал, се двоуми дали да заигра со Меси или да се пресели во Турција

Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ, летово ја одби богатата понуда од Саудиска Арабија за да остане во Реал Мадрид, но го загубиме местото во првиот тим од Џуд Белингам и размислува да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Според турските медиуми, Модриќ има две опции, едната е да заигра заедно со Лионел Меси во Интер Мајами во МЛС-лигата, а втората е да се пресели во Фенербахче.

Според медиумите, Фенербахче кој летово направи сериозен тим носејќи ги Доминик Ливаковиќ, Душан Тадиќ, Един Џеко, Фред, Рајан Кент, Џошуа Кинг, Мичу Батшуаи како и турските репрезентативци, Ченгиз Ундер и Емре Мор, нема да жали пари уште во зимскиот преоден рок да го ангажира Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести