Модриќ знае кој ќе ја освои Златната топка: „Видете само што прави на теренот“

Винисиус со хет-трик беше предводникот на Реал Мадрид во големиот пресврт против Борусија Дортмунд и победата од 5-2, после негатива од 0-2. Токму бразилецот е фаворитот на Лука Модриќ за Златната топка, а игрите на теренот минатата сезона и оваа се само доказ за тоа.

„Ќе видиме, има тука неколку играчи кои може да ја освојат наградата, но дефинитивно тоа е Винисиус. Не само поради овој натпревар, целата сезона е неверојатен. Со нетрпение чекаме да видиме. Кога ќе видите како играше минатата сезона и што прави оваа, секако дека Винисиус заслужува да победи.“ – вели Лука Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести