Нигерискиот напаѓач Терем Мофи беше главната фигура на мечот помеѓу ПСЖ и Ница кој изненадувачки им припадна на гостите со 2-3. Мофи беше стрелец на првиот и третиот погодок за Ница, а асистираше за вториот.
При постигнувањето на голот за водство од 1-3 на Ница, нигериецот славеше пред домашните навивачи со раката на уво, алудирајќи дека не ги слуша, што беше сфатено како провокација од страна на капитенот на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Тој бурно реагираше и тргна да се пресмета со Мофи, но брзата интервенција на останатите фудбалери и судијата спречи поголем инцидент. Набрзо потоа нигериецот беше заменет, по што се смири и тензијата на теренот, а ПСЖ до крајот на мечот успеа само да намали на 2-3.
Kylian Mbappé semble ne pas avoir apprécié la célébration de Terem Moffi. 😠
🎥 @PVSportFR pic.twitter.com/JfaU8Q7Bre
— Actu Foot (@ActuFoot_) September 15, 2023