Мохамед Салах е избран за фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Мохамед Салах е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата за сезоната 2024/25. Ова е вторпат Египќанецот да ја добие оваа престижна награда, откако првпат беше избран за најдобар во сезоната 2017/18. Со тоа, Салах се приклучува на елитната група фудбалери кои повеќе од еднаш се прогласени за најдобри во најсилната англиска лига, Тиери Анри, Кристијано Роналдо, Немања Видиќ и Кевин де Бројне.

Во текот на оваа сезона, Салах одигра фантастично, постигнувајќи 28 голови и запишувајќи 18 асистенции во 37 натпревари во Премиер лигата. Тој беше клучна фигура во тимот на Ливерпул, кој успеа да ја освои титулата првак на Англија. Салах ќе има можност да ја подобри својата статистика во последното коло против Кристал Палас.

Вкупно, во сите натпреварувања оваа сезона, Салах одигра 51 натпревар, постигна 33 голови и запиша 23 асистенции. Оваа сезона ќе остане запаметена како една од најуспешните во неговата кариера и како уште една потврда на неговата класа и значење за Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести