Репрезентацијата на Египет предводена од Мохамед Салах по пауза од осум години се враќа на Светските првенства. Фараоните со убедливи 0-3 славеа над Џибути и сега на едно коло до крајот на африканските квалификации има предност од пет поени во однос на Буркина Фасo.
За Египет ова ќе биде четврто учество на Мундијалите откако играа во 1934, 1990 и 2018 година.
Досега се познати вкупно 19 репрезентации кои ќе играат на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а освен домаќините, пласман обезбедија уште и Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, Бразил, Еквадор, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис и Египет.