Мохамед Салах нема проблем да спие на под (Видео)

За еден од најдобрите напаѓачи на светот, Мохамед Салах, не се важни времето и местото на коешто спие. Египѓанецот нема проблем и комплекс, па наместо да седи на седиште како сите други, реши да си легне на подот на авионот со којшто „црвените“ заминаа во Марбелја, Шпанија, на подготовки за финалето од Лигата на шампионите. Со оваа постапка, 26-годишниот Фараон предизвика многу позитивни реакции од фановите на Ливерпул.

Алекс Окслејд-Чемберлен реши да го сними својот соиграч и снимката ја објави на социјалните мрежи. Салах, кој убаво си лежеше на перница и покриен со ќебе, кога виде дека го снимаат, само се насмеа и продолжи да се обидува да заспие.

https://twitter.com/i/status/1130519255919857664

- Оглас -

Најнови вести