Мохамед Салах понуден на Барселона

Мохамед Салах повторно бил понуден на Барселона како можност за трансфер по завршувањето на сезоната, кога истекува неговиот договор со Ливерпул.

Сепак, каталонскиот клуб одлучил да не ја искористи оваа можност од неколку причини.

Една од главните причини е возраста на египетскиот напаѓач. Со 32 години, тој не се вклопува во долгорочната стратегија на Барселона, која е фокусирана на ангажирање млади играчи.

Дополнително, управата на клубот смета дека неговото доаѓање би можело да го забави развојот на талентираниот Ламин Јамал, кој веќе има значајна улога во тимот. Барселона исто така задоволна од напредокот на Рафиња, што дополнително ја намалува потребата за нови засилувања во офанзивната линија.

Поради овие причини, Барселона решила да не ја разгледува опцијата за ангажман на Салах, дури и ако има можност да го доведе без обештетување.

- Оглас -

Најнови вести