Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, вечерва на натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Галатасарај од 18.45 часот би можело да постави два рекорда.
Салах, кој има 33 години, би станал рекордер на Ливерпул по бројот на настапи во ЛШ со 81. Сега со 80 го дели првото место со Џејми Карагер.
Освен тоа, Салах е на еден гол од тоа да стане првиот африкански играч кој постигнал 50 гола во ЛШ и ќе има мотив да испише историја. Сезонава Салах одигра 30 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања, постигна девет гола и имаше осум асистенции.
Во Sport Life, квотата за Салах да постигне гол е 2.40, па може и да се обложите и да чекате добивка.
Инаку Арне Слот по 100-ти пат ќе го води Ливерпул, додека Доминик Собослаи ако има гол или асистенција, тоа би го направил на седми меч по ред во ЛШ, со што ќе постави клупски рекорд.

