Мојс за првпат во кариерата го победи Арсенал како гостин (Видео)

Вест хем приреди изненадување со победата од 2:0 на „Емирати“ над Арсенал во малото лондонско дерби кое се играше во рамки на 19-тото коло од Премиер лигата.

Ова е прва победа за менаџерот на Чеканите, Дејвид Мојс, над Арсенал на гостински терен. Тој до вечерва 22 пати играше на „Емирати“ и „Хајбери“ и доживеа 18 порази и имаше уште четири ремија како менаџер на Евертон, Манчестер јунајтед и Вест хем.
Првата радост на Мојс на теренот на Топчиите му ја овозможија Томаш Соучек и Константинов Мавропанос.

Соучек во првото полувреме со контроверзен гол во 13-тата минута го отвори резултатот, а изненадувањето на „Емирати“ го потврди Мавропанос со голот во 55-тата минута.

Арсенал со поразот од градскиот ривал пропушти да се врати на првото место на табелата бидејќи остана на 40 бода, два помалку од лидерот Ливерпул. Сепак, Топчиите ќе имаат шанса годината да ја завршат како први бидејќи на 31 декември ќе играат против уште еден градски ривал, Фулам.

- Оглас -

Најнови вести