МОК ја објави конечната листа, осуммина спортисти ќе ја претставуваат Македонија во Токио

Составена е конечната листа на македонски спортисти кои ќе настапат на Олимписките игри во Токио. Станува збор за осуммина спортисти во поединечни спортови.

Тоа се: Миа Блажевска Еминова во пливање 100 м., Борјан Бранковски во спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол, Дејан Георгиевски – таеквондо +80 кг., Филип Деркоски во пливање 400 м., Пулексенија Јованоска во карате Ката, Магомедгаџи Нуров во борење слободен стил 97 кг., Арбреша Реџепи во џудо – 52 кг. и Јован Стојоски во атлетика 400 м.

Првата група спортисти, членови на олимписката делегација на МОК, ќе заминат за Токио на 16 јули. Први од македонските спортисти ќе настапат Деркоски и Бранковски, на 24 јули. Последен ќе настапи Нуров, осминафиналето започнува на 6 август, а следниот ден ќе се одржат и борбите за медал во оваа категорија.

Шеф на македонската делегација ќе биде спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, а во делегацијата одговорен за здравствениот статус на македонските олимпијци ќе биде д-р Небојша Настов.

 

- Оглас -

Најнови вести