-0.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

МОК објави кои лица од македонската делегација се во Токио на сметка на ИОК

Македонскиот олимписки комитет објави соопштение во коe објаснува кои лица се во олимписката делегација откако се појавија информации за злоупотреба на функциите.

„Со цел веродостојно информирање на јавноста, Олимпискиот комитет на С. Македонија информира дека олимписката делегација за Олимписките игри ТОКИО 2020, кои се сместени во Олимпиското село во Токио, е во состав:

  1. Владимир Богоевски – Шеф на делегација
  2. Небојша Настов – доктор
  3. Дејан Георгиевски – спортист
  4. Дарко Костовски – тренер
  5. Борче Костовски – тренер
  6. Филип Додевски – спаринг партнер
  7. Миа Блажевска Еминова – спортист
  8. Филип Деркоски – спортист
  9. Илија Стојановски – тренер
  10. Јован Стојоски – спортист
  11. Марина Мишиќ – тренер
  12. Борјан Бранковски – спортист
  13. Јордан Тасевски – тренер
  14. Пулексенија Јованоска – спортист
  15. Стојан Aндриевски – тренер
  16. Арбреша Реџепи – спортист
  17. Горан Мицкоски – тренер
  18. Магомедгаджи Нуров – спортист
  19. Могамед Ибрагимов – тренер

Сите погоре наведени се сместени во Олимпиското село во Токио.

Согласно правилата на Меѓународниот олимписки комитет, официјални гости за кои трошоците за престој и пат ги поднесува исклучиво ИОК се: Даниел Димевски – претседател, Сашо Поповски – Генерален секретар, Наумче Мојсовски – висок државен претставник, сите со по еден член во придружба. Ова е комплетниот состав на македонската делегација во Токио.

Олимпискиот комитет на С. Македонија ниту има закупено хотелски соби нити има платено какви и да се финансиски средства за оваа намена која е во целост финансиски покриена од страна на ИОК за сите погоре наведени лица.

Во услови на засилени и строги мерки заради глобалната пандемија КОВИД – 19, кога сите движења се ограничени до максимум, кога излезот на спортистите надвор од Олимпиското село не е дозволен, туку можни се само настапи на спортските натпревари, а официјалните лица не смеат да излегуваат од хотелот, нивниот престој е исклучиво во работна функција и договарање нови олимписки програми и проекти за кои дополнително и детално ќе информираме“, велат од Олимпискиот комитет на нашата земја.

- Оглас -

Најнови вести