Моќен е европскиот првак, Барса едвај помина во Прага, Интер подобар од Дортмунд (видео)

Европскиот првак Ливерпул лесно помина на гостувањето кај Генк со убедливиот триумф од 4-1. За Црвените на Јирген Клоп одлична партија одигра Окслејд-Чемберлен, кој придонесе за важните бодови со два погодоци, од кои едниот беше невидена мајсторија на Англичанецот. Окс претходно погоди во втората минута од мечот, а за конечниот резултат се погрижиja Мане и Салах, пред Генк да го постигне почесниот погодок преку Одеј во финишот од мечот.

Ливерпул со тоа ја запиша втората победа по три кола во групната фаза, па со шест бода е на второто место во групата Е, односно со еден бод зад Наполи, кој вечерва го надигра тимот на Салцбург на „Ред бул арената“ со конечни 3-2. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните десетина минути од мечот кога влезе во игра на местото од Калјехон.

https://twitter.com/KramponGolazo/status/1187106308199243776

Барселона се провлече против Славија среде Прага при конечни 2-1. Каталонците наидоа на тврд орев иако Меси донесе предност веќе по три минути игра, а домаќините на стартот од второто полувреме изедначија преку Борил за големо славење на стадионот „Синобо“. Сепак, радоста траеше кратко бидејќи Славија сама си наштети со автоголот на Олајинка во 57-мата минута, иако првично се чинеше дека голот е дело на Суарес.

Во групата Ф, каде што останати ривали на Барселона ѝ се Интер и Дортмунд, Нераѕурите славеа во дербито против Милионерите со 2-0, преку погодоците на Мартинес (22-ра минута) и Кандрева (89-та минута). Интер можеше да победи уште поубедливо, но Лаутаро утна од белата точка неколку минути пред голот на Кандрева.

https://twitter.com/InterYaSoul/status/1187108758423560204

Бенфика беше подобра од Лион со конечни 2-1, додека Лил во судиското надополнување успеа да спаси бод против Валенсија при конечни 1-1.

 

- Оглас -

Најнови вести