Манчестер сити оствари лесна победа од 3:0 на гостувавањето кај Њукасл. Актуелниот шампион продолжува со своите фантастични игри во Премиер лигата и едноставно не знае за кикс.
Воедно, со денешните погодоци, тимот стигна до бројката од 105 во оваа календарска година со што го надмина рекордот од 104 поставен во далечната 1929 година (104 гола)
105 – Manchester City have scored 105 goals in the Premier League in 2021; their most in a single calendar year while playing in the top-flight (previously 104 in 1929). Insatiable. pic.twitter.com/uPKNtTn3Wl
— OptaJoe (@OptaJoe) December 19, 2021
Подоцна во првиот дел (27′) следеше убавиот гол на Жоао Кансело, кој претходно запиша и асистенција.
Третиот гол беше дело на Ријад Марез во 63-та минута со што, практично и беа решени сите дилеми, ако воопшто ги имаше.
Конечниот резултат го постави Рахим Стерлинг во 86-та минута.
Со новата победа, Манчестер сити стигна до бројката од 44 бода во Премиер лигата и има четири повеќе од најсериозниот кандидат Ливерпул кој својот натпревар против Тотенхем треба да го одигра од 17:30 часот.
Во вториот натпревар од терминот од 15:00 часот, Челзи одигра 0:0 против Вулверхемптон, во меч каде што гостите имаат неколку првотимци заразени со Ковид19, но, и покрај тоа нивното барање беше одбиено.