Ливерпул се намачи со Саутемптон но со моќен финиш и два гола во последните десеттина минути победи со 3:1 и остана во трката со Манчестер сити за титулата во Премиерлигата.
Клуч за победата беше извонредниот спринт на Мохамед Салах во 80. минута и голот за комплетен пресврт на гостите.
https://www.youtube.com/watch?v=sFuzK7t3y74
Потоа Џордан Хендерсон со нов погодок во 86. минута само ја потврди победата на гостите, кои стасаа до бодовите со многу мака.
Саутемптон поведе со 1:0 со голот на Шејн Лонг во деветтата минута, а потоа еден од најбрзите играчи во Премиерлигата промаши чист зицер за 2:0.
Казната стаса во 36. минута, а ја испорача Наби Кејта со израмнувачки погодок. Ливерпул притисна во второто полувреме и успеа во финишот и да победи со головите на Мо Салах и на Џордан Хендерсон.
И моментно со меч повеќе повторно е лидер на табелата со 82 бода и пет меча за доигрување. Актуелниот шампион Манчестер сити има 80 бодови и шест натпревари за одигрување.
Саутемптон останува во неизвесната трка за опстанок и има 33 бодови, пет повеќе од Кардиф, кој е најзагрозен од екипите што имаат шанса за опстанок.